Овие Услови за користење на нашиот сервис преку интернет на веб страната www.akcii.mk и/или мобилната апликација Akcii.mk (Акции.мк) преземена од Google Play Store и/или App Store (понатаму: Услови за користење), заедно со нашата Политика за приватност се важечки при Вашиот пристап и користењето на нашата Апликација и нашите сервиси.
Ве молиме прочитајте ги овие Услови за користење внимателно.
Со користење на Апликацијата се согласувате со овие Услови за користење.
Во овие Услови за користење, "ние" значи Akcii.mk (Акции.мк) ("нас" и "нашите" ќе се толкува соодветно); и "Вие" значи нашите корисници на или потенцијални купувачи на производи и/или услуги ("Вашето" ќе се толкува соодветно).
Акции.мк ги користи податоците за производите во согласност со издадените флаери/летоци/акции на трговците. Податоците се собираат од јавно објавени и достапни материјали, во печатена и/или дигитална/електронска форма. Печатените матреријали се преземаат од самите трговци од нивните физички продавници. Дигиталните/електронски материјали се преземаат од веб страните на трговците и/или од нивните профили на социјалните медиуми. Апликацијата по процесот на собирање на податоците ги обработува и поставува достапни на корисниците на Акции.мк. Правото на менување на цените, називите, па дури и правото на менување на самите производи во времетраење на акцијата исклучиво го задржуваат маркетите. По било каква промена, ако станат јавно достапни од страна на трговците во печатена и/или дигитална/електронска форма, Акции.мк повторно ги агрегира и ажурира сите промени, како за производите, така и за самите трговци. Правото на распределба на производите во соодветните категории го задржува Акции.мк. Тимот на акции.мк, делувајќи на овој начин, преку апликацијата Ви овозможува полесен и поефикасен пристап до сите јавно достапни производи кои се на акциија и/или попуст.
Вие можете да ја користите Апликацијата на два начина:
Сликите на производите и/или услугите на нашата веб страница се само за илустративни цели; вистинските производи може да се разликуваат од таквите слики.
Ние ќе ги третираме сите Ваши лични информации кои ги собираме во врска со Вашата нарачка во согласност со условите на нашата Политика за приватност.
Контакт е-маил(контакт адреса за е-пошта) info@akcii.mk