Пребарувај

Како се користи

1. Што претставува Akcii.mk (Акции.мк) ?

Akcii.mk (Акции.мк) мобилната апликација е наменета да се користи на Вашите паметни телефони како бесплатна апликација. Мобилната апликација Ви овозможува на едно место да ги пронајдете сите производи од трговците низ Македонија кои што се моментално поставени на АКЦИЈА. Поединечните категории (намирници, електроника, дом и градина, дрогерии и сите останати во иднина) го олеснуваат пристапот до посакуваните производи на Вашите омилени трговци. Со едноставно пребарување можете да видите дали во моментот производот кој што го барате се наоѓа на акција кај трговците или не. 

Пронајдете ги сите акции на едно место, брзо и лесно и најваважно зачувајте ги во Вашиот паметен уред. 

2. Како се користи?

- Откако сте ја презеле апликацијата преку Google Play или App Store. Апликацијата ја нуди и можноста да ја користите Без Најава, со Регистрација на Ваша корисничка сметка,  регистрација преку Вашиот Facebook профил.

- Доколку сте избрале опција да ја користите апликацијата Без Најава, можете да ги користите сите можности на апликацијата освен опцијата Мој Список, каде што можете да ги додатете бараните производи во список за купување и да си додадете Ваши лични производи кога одите на пазарување (производи кои ги нема на моменталните акции од трговците). 

- Доколку сте направиле регистрација по Вашето логирање Вие сте веќе подготвени и за опцијата Мој Список. Можете да започнете да ги истражувате актуелните понуди од локалните маркети, супермаркети, дрогерии, хипермаркети и многу други трговци насекаде низ Македонија. Избраните производи моежете да ги додаете со Мој Список кој Ве упатува во кои трговци се наоѓа бараниот производ. 

- Опцијата за пребарување е достапна постојано за да можете да ги пронајдете производите по најповолни акциски цени, да ги зачувате во Мој Список, и да немате дилема кога ќе одите на Вашиот неделен шопинг.

- Со сите овие опции апликацијата ви овозможува се што Ви е потребно за да ги набавите потребните производи и притоа да заштедите. Заборавете на непотребните списоци, флаери, летоци кои ќе создадат дополнителен хаос во Вашето шопинг планирање и овозможете си лесен и едноставен начин на пазарење по најповолни цени на пазарот.

3. Што добивате?

- Едноставен начин на пребарување, без да листате по хартиените неделни и месечни флаери, списоци, летоци итн. 

- Правење на список за купување на се што Ви е потребно.

- Достапност до сите моментални акции од најголемите и најдобрите трговци во Македонија и тоа: маркети, супермарткети, хипермаркети и дрогерии на едно место.

- Брз начин да дознаете каде може да ги набавите потребните производи по акциски цени.

- Едноставен и достапен начин на организација, кој е секогаш со Вас, во Вашиот паметен уред.

- Екстра слободно време откако нашата апликација ќе Ви помогне да ги решите сите шопинг дилеми.

 

За секоја забелешка или прашање, можете слободно да ни се обратите на info@akcii.mk!

Filters
Sort
display