Пребарувај

За нас

Паметен шопинг – полесен живот!

“Како да го вметнам ливчето за пазарење во мојот паметeн телефон?” Токму тоа беше прашањето што нашиот тим си го постави пред да почне со остварување на идејата акции.мк. Седнавме, размислувавме, станавме, повторно размислувавме, и на крајот дојдовме до решение да создадеме мобилна апликација којашто ќе ги поврзе сите маркети што објавуваат викенд, неделни и месечни флаери ширум Македонија.

Денеска најголемиот дел од луѓето користат паметни телефони за забава, но во голема мера и за да си го олеснат секојдневието. Оттаму, нашата цел е да го поедноставиме Вашиот шопинг со само неколку кликови, одбирајќи ги посакуваните производи од кој било маркет. Сето ова значи:

-најнови акции и попусти на дланка;

-подобра прегледност на производите од сите маркети;

-го заштедува Вашето време за шопинг;

-повисока еколошка свесност некористејќи ги печатените флаери.

Тимот на Акции.мк Ви посакува добредојде и Ви благодари што сте дел од нашиот тим!

Filters
Sort
display